Македонските преставници во квалификациите за пласман во Лигата на Европа, Вардар и Шкендија добија бомбастични противници во имињата на Фенербахче односно Милан.

Вардар и Шкендија реално немаа среќа во ждрепката, но ќе имаат можност да ги одмерат силите со екипи од светски калибар.

Двата македонски адути првите мечеви ќе ги одиграат на домашен терен. Термините дополнително ќе бидат објавени.

OhridNews