Шпанската фудбалерка Аитана Бонмати и српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ се добитници на наградата Лауреус, таканаречените Оскари за најдобра спортистка и спортист во 2023 година.

Новак Ѓоковиќ ја освои наградата Лауреус по петти пат во кариерата, откако минатата година освои три од четирите грен – слем турнири (Австралија Опен, Ролан Гарос, УС Опен) и играше во финалето на четвртиот (Вимблдон).
Спортистите за наградата Лауреус се номинирани од претставници на светските медиуми, а победниците ги избираат 69 членови на Светската спортска академија Лауреус. Наградата е основана во 2000 година.
Добитници на наградата Лауреус за 2023 година:
Спортистка на годината: Аитана Бонмати
Спортист на годината: Новак Ѓоковиќ
Тим на годината: Шпанска женска фудбалска репрезентација
Најголем напредок: Џуд Белингем
Повратничка на годината: Симон Белс
Најдобра спортистка со попреченост: Диде де Грот
Спортистка на година во акциски спортови: Ариса Трев
Награда за хуманитарна работа: Фондација Рафа Надал.
OhridNews










