Колку трошиш толку добиваш. Без ограничувања и без минимални и максимални лимити на сметката. Ова го нуди системот на лојалност „Бонус клуб“ кој од неоодамна започна да функционира кај нас.
Објектите кои се дел од оваа програма која создава дополнителна вредност за потрошувачите означени се на видно место дека се дел од системот на лојалност „Бонус клуб“. Тие одделуваат процент кој на имателите на бонус картичка кои се дел од системот на лојалност им се враќа и можат да го искористат при купување во било кое продажно место кое е дел од мрежата „Бонус клуб“ која секојдневно расте. Картичките се персонализирани и може да ги користи само имателот.
-Секаде трошиме пари и очекуваме нешто и да ни се врати. Конкуренцијата на пазарот е силна, а потрошувачите внимателно избираат, каде е најевтино, каде има попусти, или некаков гратис. Во изминатите 15 години работа во туризмот сфатив дека во дејноста секаде има процент, односно некаков интерес. Но, зошто сите да немаат корист, односно процент? Токму тоа е целта на системот на лојалност „Бонус клуб“ кој започнав да го креирам пред пет години и по низа анализи на пазарот, подготовки, регистрација и други потребни процедури, започна да функционира во Македонија и во Охрид. – вели Акин Сезер од „Бонус клуб“ – системот на лојалност.
Во програмата за лојалност се вклучени само одредени компании, а мрежата можат да ја користат сите нивни клиенти кои имаат Бонус картичка за која можат да аплицираат онлајн на: bonus.com.mk, каде можат и подетално да се запознаат со функционирањето на системот. Бонус картичка клиентите може да побараат и бесплатно да добијат и во местата кои се дел од програмата „Бонус клуб“.
-Компаниите со оваа програма добиваат лојални клиенти, а клиентите бонус. Се разбира секоја компанија може индивидуално да има систем на попусти и слично, но за тоа се потребни ресурси, опрема, процедури. Ние имаме професионален маркетинг тим и за почеток доволно клиенти и фирми со кои сакаме да работиме. Засега сме задоволни од имплементацијата на системот во кој се вклучени само одредени компании затоа што истиот функционира по принципот на лојалност. – додава Сезер.
Бонус картичката може да се користи на сите места кои се дел од Бонус партнерската програма. Доколку клиентот на картичката има доволно средства може да ја плати услугата или производот целосно со бонусот кој го добил трошејќи лојално на места кои се дел од Бонус клуб програмата, појаснува Сезер.
-Сите имаме важни денови во животот, родендени, празници, моменти кои ни значат. Во такви денови клиентите ќе имаат можност да добијат двоен бонус. Ќе има атрактивни акции со исклучителни попусти за празниците како Нова година, Валентин и други. Ограничувања на бонусот нема, ниту тој се брише по завршување на годината, напротив тој постојано се зголемува како клиентот троши во местата кои се дел од системот на лојалност „Бонус клуб“. – истакнува Акин Сезер.
Во моментов програмата се реализира во Македонија, а се прават подготовки за проширување на пазарот во соседството.
OhridNews