Корисниците на „Boom tv“ од Охрид, повторно можат да ја следат програмата на дигиталниот телевизиски оператор, која поради дефект на предавател беше во прекин од вчера попладне.

Дефектот е отстранет и од 10 часот утрово охриѓани непречено ја следат програмата на „Boom tv“.

Сигнал денеска непречено емитува и А1 телевизија, чија програма, исто така поради дефект, од синоќа околу 23 часот беше во прекин.

OhridNews