Српскиот тим Борац од Чачак, кој е на подготовки во Охрид ќе одигра три контролни натпревари од петок до недела на „Атина Бојаџи“.

В сабота пред екипата на Борац е прволигашки тест откако ќе се сретнат со Напредок, а в недела силите ќе ги одмерат со Пелистер.
До сега фудбалерите на Борац во Охрид одиграа еден натпревар против Ренова, кој заврши неславно откако двете екипи се степаа на теренот.
Мх.П.










