Првиот човек на  аеродромот „Св. Апостол Павле“, Борче Стефаноски, неофицијално  е нов претседател на Општинскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ од Охрид, изјавија за Ohridnews  извори од партијата. Според истите, одлуката била донесена на седницата на Извршниот комитет на партијата што се одржа пред два дена. Стефаноски беше еден од четворицата најсериозни кандидати за претседател на огранокот на ВМРО ДПМНЕ во Охрид.

Официјална потврда на информацијата која ја објавија локалните медиуми очекуваме во текот на денешниот ден.

Ohridnews