Шефот на стручниот штаб на ГРК Охрид, Борис Ројевиќ, не го криеше задоволството од триумфот на Меѓународниот меморијален турнир „Крсте Андоновски“ до кој гладијаторите дојдоа по победата на актуелниот првак на Македонија Еурофарм Пелистер 31:26. Сепак тој предупреди дека е потребно да се смират емоциите бидејќи пред клубот е доста работа. Тој и се заблагодари на охридската публика за поддршката и изрази надеж дека уште многу пати ќе се радува на победи на ГРК Охрид.

Г.М.