Познатиот оперски пејач, македонскиот баритон и амбасадор на мирот на УНЕСКО, Борис Трајанов е специјалниот гостин кој ќе настапи во рамки на културно- уметничката програма на Водици 2012. Како што информираат од Здружението за целосна афирмација на МПЦ Богојавление, Трајанов ќе има получасовен настап со кој ќе се даде посебен белег на манифестацијата.

Неколку познати музички имиња веќе го потврдиле своето доаѓање и на Денот на рибарите. Меѓу имињата на познатите музички ѕвезди кои ќе ги забавуваат присутните гости на градското пристаниште се Нино Величковски, Миле Кузманоски и Верица Пандиловска.

Од здружението Богојавление информираа дека подготовките за Водици 2012 течат во најдобар ред и дека на Денот на рибарите во специјално набавен казан за таа прилика, ќе се варат два тона рибја чорба.

OhridNews