Македонско-бугарските односно се подобруваат, истакнал бугарскиот премиер Бојко Борисов по средбата со хрватскиот премиер Зоран Милановиќ во Софија.

Како што пренесуваат бугарските медиуми, на новинарските прашања Борисов изјавил дека остварен е контакт со претседателот на Владата од земјава Никола Груевски, во однос на нарушените односи меѓу двете земји.

Според изјавите на Борисов, преговорите за договорот за добрососедство  имаат значаен прогрес, истакнувајќи дека Бугарија се залага за членство на сите земји од регинот во ЕУ.

Инаку, двете земји од неодамна ги започнаа разговорите околу новиот документ за добрососедство, откако бугарските власти  тоа го побараа преку писмо од бугарскиот шеф на дипломатијата Младенов. Првичните резултати од разговорите, ќе бидат обелоденати за неколку недели.

OhridNews