Борко “задоволен“ по поразот, Ангеловски оптимист, Шундовски претпазлив
19.01.13 09:26
„Морам да признаам дека вечерва за првпат во досегашната кариера се радувам на пораз. Тоа ми се нема случено досега“, изјави Борко Ристовски (неофицијалниот министер за Одбрана) по поразот на Македонија од Данска за данските медиуми.
И додека Борко се “радуваше“ на поразот, Ангеловски и Шундовски на пресконференцијата ги изнесоа своите ставови за мечот од осминафиналето против Германија.
– Нашата генерација ја нема таа привилегија често да биде на СП, сега имаме шанса да одиграме, да ја минеме Германија и да се најдеме меѓу првите осум селекции на светот. Тоа е наша голема желба, за која што се надевам дека ќе ни се исполни. Искрено, не очекувавме дека ќе играме против нив, но тоа сигурно е подобра варијанта отколку да се сретневме со Франција. Како што реков, свесни сме за влогот, тоа ќе го направи напиот мотив огромен и се надевам дека ќе успееме во желбата да стигнеме до нов историски успех“ – оптимист е Бранислав Ангеловски.
„Тешко е да се одбере во ваква ситуација, Германија е прва во една силна група каде што се наоѓаше и Франција. Нашата прва цел беше да влеземе во осминафинале, го сторивме тоа поодамна, сега на ред ни е дуелот со Германија. Јас искрено ја посакував Црна Гора, но видовте што се случи со оваа селекција. Јас повторно можам да го ветам она што го ветувам секогаш, дека ќе дадеме се од себе за да го добиеме овој противник. Задоволен сум што формата ни се движи во нагорна линија и очекувам во ист стил да продолжиме и на следниот меч. Победата над Франција покажа дека Германија е многу сериозен ривал. Нивниот селектор работи со оваа генерација ракометари уште од младинските школи, тие ќе сакаат да стигнат што подалеку на овој шампионат. На нас е да ги запреме во нивните налети“ – изјави Шундовски.
Веќе при првиот разговор со луѓето од клубот, а особено со градоначалникот Кирил Пецаков, ја почувствував искрената желба, сериозната амбиција и големата љубов кон ракометот Таа енергија веднаш ме ...
Градскиот ракометен клуб Охрид денеска ги започна подготовките за натпревачката сезона 2025/26, во која клубот влегува мотивирано со сериозни амбиции Започнува миниум 3 годишниот проект кој го пред...
Фудбалерите на Охрид денес играат контролен натпревар со екипата на Трајал од Крушевац Натпреварот е во рамки на подготовките за новата сезона 2025/26 Натпреварот ќе се одигра со почеток во 18 часо...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.