Корпулетниот бек Вуко Борозан е единствен преставник на Ракометниот клуб Вардар во изборот на најдобрите во осмата рунда од фазата по групи во Лигата на Шампиони. Црногорецот е на четвртата позиција во ТОП 5 головите.

Вардар не одигра на ниво во Барселона и претрпе пораз од шпанскиот ракометен гигант 34-28 и затоа „црвено црните“ немаа свои преставници во најдобрите одбрани и идеалниот тим во кој има еден ракометар од каталонците. Најубавиот гол на колото го постигна германскиот репрезентативец Уве Генсхајмер.

Идеалниот тим:

Лево крило: Каспер Мортенсен (Барселона)

Лев бек: Оливер Рабек (Татран Прешов)

Среден бек: Ајденас Маласинскаш (Мотор Запорожје)

Десен бек: Алекс Душебајев (Киелце)

Десно крило: Валтер Хринтц (Кристијанштад)

Пивот: Михаел Кнудсен (Силкерборг)

Голман: Тиери Омејер (ПСЖ)

OhridNews