Шпанскиот стручњак на клупата од Вардар, Гарсија Парондо два месеци не ќе може да смета на услугите од Вуко Борозан. Црногорецот го оперираше коленото и ја острани повредата која долго му правеше проблеми.
- Операцијата мина добро. Им благодарам на сите што се грижеа за мене и моето здравје. Следува пауза од два месеци. Се гледаме брзо. – изјави Борозан за клупскиот сајт на Вардар.
Борозан во редовите на Вардар треба да се врати на крајот од јануари и да биде од голема помош за продолжението од сезоната. Корпулетниот бек ќе ги пропушти мечевите со Бресто Мешков и Киелце во Лигата на Шампиони и уште неколку натпревари во СЕХА лигата.
OhridNews