Успешна ноќ за гостинските екипи во натпреварите од Е – Х половината од фазата по групи во Лигата на шампиони. Честа на домаќините ја спаси Селтик кој го совлада Ајакс, додека непоразени на домашен терен останаа Милан и Стеауа.
Дербито во Лондон и припадна на Борусија Дортмунд, која со головите на Мхтаријан и Левандовски го победи Арсенал со 2-1.
Наполи во оваа група победи во Марсеј со 2-1, со головите на Каљехон и Запата. Горан Пандев победата на својот тим ја гледаше од клупата за резерви.
Милан против Барселона освои бод играјќи 1-1, домаќнот водеше со голот на Робињо, а конечниот резултат уште во 24.минута го постави Меси. Рикардо Кака кој ова лето се врати во Милан, одгигра одличн 70 минути за својот тим.
Група Е:
Шалке-Челзи 0:3
(Торес 5’, 69’, Азар 88’)
Стеауа-Базел 1:1
(Тату 88’ – Дијаз 48’)
Група Ф:
Арсенал-Борусија Дортмунд 1:2
(Жиру 41’ – Мхтаријан 16’, Левандовски 82’)
Олимпик Марсеј-Наполи 1:2
(Ајев 87’ – Каљехон 42’, Запата 67’)
Група Г:
Порто-Зенит 0:1
(Кержаков 86’)
Австрија Виена-Атлетико Мадрид 0:3
(Гарсија 8’, Диего Коста 20’, 54’)
Група Х:
Селтик-Ајакс 2:0
(Форест 43’, Кајал 54’ – Шене 94’)
Милан-Барселона 1:1
Робињо 9’ – Меси 24’).
OhridNews
извор:2Макфакс“