Дефанзивецот на охриѓани, Александар Бошковски поради повреда на задната ложа ќе го пропушти стартот од пролетниот дел од шампионатот. “Стоперот“ повредата ја заработи на пријателскиот дуел со Кораб, во кој “рибарите“ триумфираа со минимални 1-0, стрелец на победничкиот погодок беше Дејкоски.


Бошковски во првиот дел од првенството забележа четири настапи. 20-годишниот фудбалер се очекува да го пропушти мечот со Хоризонт Турново на 11 март, а на располагање да се стави за мечот на гости против 11 Октомври.

Мх.П.