Центарот за култура Григор Прличев за оваа година прави напори да оствари поголема соработка со театрите во земјава и охриѓани, освен претставите на Градскиот театар, да можат да видат дел и од нивниот репертоар. Со тоа сметаат од центарот за култура, дополнително ќе се збогати културната понуда во градот. 
 
– Во тек се преговори со Драмскиот тетар со кого веќе имавме успешна соработка во текот на минатата година. Во план за оваа година исто така е да оствариме соработка и со Театарот за деца и млади од Скопје за да им овозможиме на најмладите охриѓани да проследат дел од претставите на овој театар. Не се исклучува и соработката со македонската опера и балет, како и со македонската филхармонија, вели директорката на Центарот за култура, Драгана Боцевска. 

OhridNews