Во експлозија што се случила вчера околу 13 часот близу селото Тресонче, општина Маврово-Ростуше, тешко бил повреден Д.Д. (43) од с.Ботун, општина Дебарца.

Сеуште не е утврдено што ја предизвикало експлозијата од која лицето се здобило со повредени по нозете и телото. Ранетиот работник до дебарската болница го пренеле две лица кои биле ангажирани на изградбата на хидро-централа на Тресонечка река.  Поради тежината на повредите работникот веднаш бил пренесен на скопските клиники каде е задржан на лекување.

МВР работи на расветлување на случајот.

OhridNews