Капетанијата на пристаништата во Охрид од Министерството за надворешни работи ги добила бовите со кои некогаш беше обележана границата на Охридското Езеро со Албанија. Но, тие нема да се користат за истата намена, туку ќе служат за обележување на патеката на движење за пловните објекти на плажите.
-Бовите се во процес на санација, по што ќе се постават на плажите можеби не оваа сезона, но за следната ќе бидат подготвени и ќе бидат надополнети со други уреди за сигнализација, изјави Горан Устијаноски, раководител на Капетанијата на пристаништата.
Одговарајќи на новинарско прашање тој рече дека обележувањето на езерската граница со Албанија не е во надлежност на капетанијата, која, како што рече, интензивно работи на изработка на елаборат за внатрешна пловидба со кој ќе бидат утврдени пловни патишта на Охридското Езеро.
–На езеро потребно е минималмо обележување. Онаму каде штижоима најголема концентрација на пловни објекти ќе се постават соодветни сигнални уреди.-рече Устијаноски.