Охриѓани масовно ги посетија црковните храмови, каде со златоустови литургии денеска се одбележува Раѓањето Христово – Божик. Централната богослужба утрово се одржа во црквата Св. Никола Геракомија во Варош, каде чиноначалствуваше митрополитот Дебарско Кичевски г. Тимотеј. Беше прочитано празничното  послание на поглаварот на Македонската православна црква г.г. Стефан, а по завршување на богослужбата сите кои што ги постеле Божинките пости, но и најмладите примија света причесна.

Христос се роди!


Божик масовно одбележан во охридските храмови

OhridNews