Сончевото и топло време на првиот ден од Божиќ намами голем број охриѓани и гости на прошетка покрај кејот на езерото и во охридската чаршија.
Терасите на кафулињата исполнети до последното место. Раздвижено е и на градскиот плоштад- додека родителите го пијат своето пладневно кафе пред традиционалниот божиќен ручек, најмладите се забавуваат на лизгалиштето на мраз.
Полни се и верските храмови низ градот каде верниците доаѓаат да запалат свеќа по повод Христовото раѓање.
Празничниот ден продолжува со свечениот Божиќен ручек во домовите на верниците каде се прославува големиот празник.
OhridNews