По повод Христовото раѓање – Божиќ, кој припадниците на католичката црква го прославуваат денес, 25 декември, градоначалникот Никола Бакрачески упати честитки до верниците.
– Божиќ е најголемиот христијански празник кој ги истакнува, семејните вредности, човечката добрина и взаемното разбирање. Овој празник на љубовта и добрината нека ви донесе хармонија и спокој, позитивна мисла и светлина и топлина во вашите домови. Божиќ е празник на љубовта и надежта, празник кој не потсетува дека треба да ги следиме етичките начела во нас и да дејствуваме во согласност со честа и вистината. Со прославувањето на Христовото раѓање уште еднаш се потсетуваме да бидеме достојни верници и чесни луѓе, да живееме правично да придонесуваме во зацврстување на мирот, хармонијата, семејните и традиционалните вредности. На сите Христијани со католичка вероисповед искрено им посакувам празникот да го минат во добро здравје, мир и благосостојба. Божиќните прослави нека бидат добра можност за јакнење на вербата во иднината и надминување на сите несогласности, се наведува во честитката на градоначалникот Бакрачески.
OhridNews