Градоначалникот Никола Бакрачески на верниците од католичка вероисповед, им го честита големиот христијански празник, Денот на Раѓањето Христово- Божиќ.
– Во името на милосрдието, љубовта и добрината им посакувам многу здравје, среќа, бериќет и семејна хармонија. Божиќ е празник на мирот и братската поврзаност меѓу луѓето, празник на луѓето со добра воља кои го поттикнуваат животниот оптимизам, ги спојуваат љубовта, добрината, меѓусебната соработка и взаемното почитување. Тоа се општочовечки и цивилизациски вредности врз кои се темели минатото и иднината на светот. Воедно посакувам, вдахновеноста на божиќните пораки кои ја симболизираат добрината, радоста и помирувањето, да не поттикнат и на меѓурелигиски дијалог и соживот. Само така ќе дадеме заеднички придонес во развојот на толеранцијата и афирмирање на религиозните посебности како важен услов за сеопш напредокот на Охрид и Република Македонија, се наведува во честитката од градоначалникот.
Бакрачески вчеравечер присуствуваше на божиќната миса во католичката црква во Охрид.
OhridNews