Градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески, во своја честитка упатена до православните верници од Охрид, истакнува дека Христовото раѓање го означува најзначајниот миг во човековата историја, симболизирајќи ги новите вредности, мирот, човекољубието, толеранцијата и милосрдието.

„Во овие празнични моменти, со посебно задоволство, на сите  православни верници од Охрид, од мое лично име и од името на локалната самоуправа им го честитам големиот христијански празник Христово раѓање- Божиќ. Ова е празник на љубовта, блискоста, добрината и почитувањето помеѓу луѓето. Божиќ претставува возвишување на семејните вредности и разбирањето. Овој празник не потсетува на суштината на христијанското учење, да бидеме скромни, чесни и правични, да ја исполуваме Христовата мисија и бидеме достојни верници исполнети со духовна  хармонија, мир, разбирање и солидарност.“ – се вели во честитката на градоначалникот Бакрачески, упатена по повод Христовото раѓање.

Тој на сите православни христијани од Охрид им посакува божиќниот дух со мир и топлина да ги исполни нивните домови, со желба за зравје и благосостојба низ целата година.

OhridNews