По повод утрешниот голем христијански празник Рождество Христово- Божиќ, градоначалникот Александар Петрески и претседателот на Советот на општината, Душко Јаковчески, до сограѓаните од православна вероисповест упатуваат честитка со желби за достоинствено одбележување на празничните денови, искажување и потврдување на вистинските цивилизациски вредности.
Во заедничката честитка упатена во име на двата органи на лоакалната власт, меѓу другото се вели:
-Религиските определби и вредности за хуманост, мир, мегусебно почитување и љубов; слога и испомагање едни на други; се општоцивилизациски норми на кои треба да се придржуваме во своето живеење и работење, а посебно за време на празничните денови во кои го одбележуваме Рождеството Христово.Само на тој начин и со таков однос кон себе, кон семејството и упатеноста едни кон други, ќе можеме да ја доживееме и почувствуваме убавината на Божиќ преку семејниот мир, благосостојбата, христијанската љубов и возвишеност на духовното живеење. Нека годинешниот Божиќ внесе топлина, здравје, среќа и љубов во секој дом на нашите сограѓани. Нека празникот ја исполни со топлина и задоволство душата на секој сограѓанин, а во духот да завладеат благата мисла и силната верба за големите можности за остварување на заедничките обврски и задачи за доброто на целата локална заедница.
Христос се роди !
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com