Градоначалникот Александар Петрески и претседателот на Советот на Општина Охрид Душко Јаковчески , испратија честитка по повод прославата на највеселиот Христијански  празник- Рождество Христово  Божиќ.

-Со радост во срцата, вознес и богопоклонение да  го прославиме големиот христијански празник Рождеството Христово Божиќ. Деновите на славењето нека бидат исполнети со љубов кон ближните , благоста, човекољубието и милосрдноста, кон правдата и вистината и нека ни бидат топли нашите души. На темелите на овие вредности треба да ја градиме сегашноста и иднината и да овозможиме поубав живот за нас и нашите поколенија. Како православни христијани, со особена почит да го следиме патот на светлината, дарен од Бога, постојано да пренесуваме  божествени и убави вести и да му се радуваме на животот.

Примете ги нашите наискрени честитки по повод славењето на Божиќ и нека во деновите на славењето на Рождеството Христово , вашите домови бидат полни со топлина , љубов и  верба за подобро утре- се вели во Божиќната честитка на градоначалникот Александар Петрески и претседателот на Советот на Општина Охрид Душко Јаковчески.

OhridNews