
Во Божиќната честитка се вели:
– Во деновите на празнувањето на Христовото рождество, во домовите на моите сограѓани, православни верници, нека владеат мирот и спокојството; благосостојбата, љубовта и хармонијата. Во деновите на духовна вознесеност нека им се исполнат срцата со задоволството од она што, секој посебно и сите заедно како заедница, сме го постигнале и кон што тежнееме. Притоа нека не храбри мислата дека со меѓусебна почит и соживот; со христијанска вера, љубов и надеж ќе можеме да создаваме нови вредности за личното и семејно добро; за доброто на сите сограѓани, за Охрид како најубав град и Македонија како наша татковина. Со достоинствено одбележување на Божиќните празници, искажувајки ја почитта кон црквата и верата, ќе покажеме дека сме вистински почитувачи на на христијанството кое се зачнало токму во ова охридско поднебје уште во првиот век – со доаѓањето на првите апостоли во овој дел на Европа. И на овој Божиќ, да покажеме дека сме достојни граѓани на Охрид-лулката на православието и столицата на Македонската Православна Црква.
Христос се роди !, стои во Божиќната честитка што до православните верници ја упати градоначалникот Петрески.
ЗАПОЧНАА ЦРКОВНИТЕ СВЕЧЕНОСТИ ПО ПОВОД ПРЕСТОЈНИТЕ ГОЛЕМИ ПРАЗНИЦИ !

Во црквата Свети Никола во Долна Влашка маала денеска ќе се одржи вечерна богослужба со почеток во 16 часот.
По повод празникот Свети Наум Охридски, утре во 8:30ч. во манастирот Свети Наум ќе се одржи света архиерејска златоустова литургија.
На Бадник (недела) златоустови литургии ќе се одржат во сите парохиски цркви во Охрид со почетк во 8:30ч, а свети архерејски литургии ќе се одржат и по повод Божиќните празници
ohridnews












