Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, денес изврши теренска посета на градилиштето за изградба на новата трансформаторска станица Охрид (ТС Охрид), дел од проектот за интерконекција Македонија–Албанија. Проектот опфаќа две целини – LOT 1: далноводот Битола – граничен премин со Албанија и LOT 2: изградба на трансформаторската станица Охрид во близина на селото Мешеишта.

Со реализацијата на овој проект, Северна Македонија гради мост кон европските пазари на електрична енергија, создава услови за стабилно и економично снабдување за граѓаните и отвора простор за приклучување на нови производители од обновливи извори – што е наш врвен приоритет, истакна министерката Божиновска.
Изградбата на новата 400 kV линија, посочуваат од Министерството е стратешко зајакнување на стабилноста и сигурноста на електроенергетската мрежа на земјава.

При посетата, министерката Божиновска беше пречекана и детално информирана за напредокот на проектот од страна на проект менаџерот Дарко Докузовски.
OhridNews












