Власта на СДСМ создаваат правна несигурност и страв за сопствената иднина кај вработените и студентите кои не прифаќаат трансформација на Универзитетот за информатички науки и технологии „Свети Апостол Павле“, рече на денешната прес конференција портпаролот на ОК на ВМРО ДПМНЕ, Перчо Божиновски.

  • Дали вицепремиерката Мила Царовска знае што се случува во реалноста и за што се залага пратеничката Жаклина Лазаревска или беше на партиска агенда кога го посети Електромашинскиот училишен центар „Св. Наум Охридски“? Како МОН и Царовска креираат концепт за дуално образование приспособен на локални услови кога се укинуваат факултети од техничките струки и професии? Кога имаме компјутеризација и дигитализација замислете СДСМ предлага да се укинат постоечките факултети за компјутерска наука и инжинерство, додаде Божиновски.

Тој обвини дека од една страна СДСМ предлага Закон за Универзитетот со цел продуцирање кадри за заштита на културно наследство, а од друга страна СДСМ и градоначалникот Георгиески ништо не преземаат за решавање на проблемот со дивоградбите и заштита на статусот на Охрид во УНЕСКО.

Од ВМРО-ДПМНЕ со апел да се слушнат забелешките на студентите и професорите и дека ставот ќе го изгради по одржување на јавната расправа.

OhridNews