Од општинската ВМРО ДПМНЕ денес со обвинувања до локалната власт дека ги игнорира препораките од УНЕСКО за Охрид и дека воопшто не се започнати постапките со бесправно изградените објекти кои го загрозуваат статусот на Охрид во УНЕСКО.
- Со СДСМ и Георгиески урбанистичкиот хаос го достигна врвот, изостана мораториумот, а дивоградбите се нижат една по една и покрај апелите од УНЕСКО, граѓаните, здруженијата, невладините организации и партиите. Зошто Заев и Георгиески ги затвораат очите пред дивоградбите? Уште колку фактури имаат за наплата и дали повторно подготвуваат терен за партиски инжинеринг на следните избори? Како очекуваат позитивна оценка од УНЕСКО за извештајот за Охридско-струшкиот регион кога ниту една дивоградба не е срушена? На охриѓани им е јасно дека институциите што го доведоа градот до оваа состојба никогаш нема да почнат да работат согласно законите, рече на денешната прес конференција портпаролот на ОК на ВМРО ДПМНЕ, Перчо Божиновски.
Според Божиновски, бизнис и личните интереси за СДСМ и градоначалникот се поважни во однос на приоритетите на УНЕСКО за заштита на Охрид.
OhridNews












