Државата и нејзините ресурси од Зоран Заев и СДСМ се третираат како да се нивна приватна сопственост. Се злоупотребува се, во секој ресор за приватни потреби. Злоупотребите во здравството се секојдневна појава, каде личните интереси се во прв план, но не и интересите на граѓаните, рече на денешната прес конференција Перчо Божиновски, портпаролот на општинската ВМРО-ДПМНЕ.

  • Заради катастрофалната неспособност при водењето на ресорот секојдневно се губат човечки животи, а социјалните мрежи се полни со фотографии за што се употребуваат возилата на итната медицинска помош. Видовме дек МВР-турс, службените џипови ги користи за превоз на функционерските ќерки по грчките плажи, а сега гледаме дека всушност само во паузи помеѓу селења, итната медицинска помош им служи на пациентите, рече Божиновски.

Тој додаде дека, злоупотребата на службени возила од страна на раководните структури на СДСМ секојдневно продолжува.

  • За Директорот на ЈЗУ „Општа болница“ кој за медицинска сестра наместо најдобриот кандидат го прима најслабиот, самоволието е повторно на дело пред јавноста. Со изместените критериуми санитетско возило на службата на болницата превезува материјални добра. Размислуваат ли што ќе се случи доколку неколку пациентите во Охрид одеднаш се јават и побараат интервенција? Ова што се случува е срам за здравствениот систем и оставки мора да има. Грижата на СДСМ за здравството и инструментите наменети за спасување на живот е сведена на минимум, потенцира Божиновски.

ВМРО-ДПМНЕ уште еднаш прашува води ли некој грижа за состојбите во Болницата и дали Директорката знае што се прави со нивните возила низ градот?  Од општинската ВМРО ДПМНЕ додаваат дека болницата наместо да се грижи за граѓаните е претворена во институција за потсмев, а дека ваквото однесување ги става во ризик животите на пациентите и граѓаните.

OhridNews