Масовното труење на бездомни кучиња на градскиот плоштад ја згрози јавноста. Со СДСМ и градоначалникот Константин Георгиески наместо Охрид да биде пријателско место и за домашните миленичиња и за бездомните животни, стана место на монструозно дивеење и садистичко изживување над животните, обвинуваат од општинската ВМРО ДПМНЕ.

  • Ова ли е хуманиот третман за животните? До кога Георгиески ќе го чува директорот на ЈП „Охридски Комуналец“, Љупчо Грданоски и заедно ќе го игнорираат овој проблем? Господине Георгиески уште што треба да се случи за да се разбудите и да преземете конкретни чекори? Георгиески и Грданоски треба да одговараат за загрозување на безбедноста на сѐ што е живо не само на градскиот плоштад туку и во градот. Георгиески да го разреши директорот Грданоски затоа што оставањето отров, којшто тешко се наоѓа со посебна процедура, на јавни површини е кривично дело и предизвикува опасност по живот, рече на денешната прес конференција портпаролот на ОК на ВМРО ДПМНЕ, Перчо Божиновски.

Тој побара одговор и на прашањето:Зошто и покрај тендерот за заловување, стерилизација и кастрирање на бездомни животни, обезбедени средства, вработени луѓе, набавени возила и комплетна опрема за заловување не функционира стационарот во „Мaуцкер”?

ВМРО-ДПМНЕ бара брза реакција и разрешница од СВР Охрид, Јавното Обвинителство и Агенцијата за храна и ветеринарство.

OhridNews