Со очаен обид Зоран Заев на крајот од својот премиерски мандат без срам ќе го отвори затворениот зелен пазар во Охрид како проект во целосна реализација на минатата локална самоуправа предводена од Никола Бакрачески и ВМРО-ДПМНЕ, рече на денешната прес конференција портпаролот на општинската ВМРО ДПМНЕ, Перчо Божиновски.
- Лицемерно е што СДСМ осум години им го ветуваше објектот на охриѓани, а во наследство на мината локалната самоуправа остави само хипотека на старата зграда на пазарот пред реализација, во корист на една деловна банка. Денес Заев и градоначалникот Георгиески треба да се погледнат во очи и да се запрашаат: Што ќе им остават тие во наследство на нивните наследници? Одговорот е едно големо ништо затоа што тие не знаат да реализираат проекти. Добро е што СДСМ и Заев се јавуваат во улога на промотори на проектите на ВМРО-ДПМНЕ, но лошо е што доцнат цели три години и што ги лажат граѓаните дека нешто направиле, рече Божиновски.
Додаде дека по цели три години ветувања, сликање и предизборни најави, се почнува санација на колекторскиот систем, но за негова доизградба и модернизација допрва ќе се размислува што ќе биде многу тешко влегувајќи во изборна година.
- Од една страна зборуваат за проекти, а од друга страна со ребалансот ги скратија ставките од буџетот на општината наменети за изградба на фекална и атмосферска канализација со единствена цел враќање стари долгови, рече Божиновски.
OhridNews












