Од општинската ВМРО ДПМНЕ со нови обвинувања до локалната власт, овој пат за нереализирани ветувања во врска со најавените проекти.

Како што рече на денешната прес конференција шефот на центарот за комуникации на ОК на ВМРО ДПМНЕ, Перчо Божиновски, повеќе од две години не се реализирани нови проекти и нови инвестиции, само се зголемени давачките.

  • Нема изградба на катни гаражи во централното градско подрачје, Охрид не доби современ Градски Кеј, додека пак пристаништето се распаѓа, нема ништо од новиот лик на плоштадот Крушевска Република, нема доградба на постоечките детски градинки и нови фасади, нема ни трага од четирите спортски сали во ОУ „Кочо Рацин“-нас. Радојца Новичиќ, ОУ „Братство-Единство“, ОУ „Ванчо Николески“-Лескоец, ОУТУ „Ванчо Питошески“, рече Божиновски.

Во нереализираните проекти, Божиновски ги спомена и изградбата на новиот Здравствен дом, Детски културен центар, Младински културен центар и современи детски игралишта, нов Театар, затворен базен, решавањето на проблемот со кучињата скитници.

Божиновски додаде дека единствено што актуелната валст направила се бројните дивоградби кои го загрозуваат статусот на Охрид под УНЕСКО.

OhridNews