Катастрофална е состојбата со зимското одржување во Охрид и отстранувањето на снегот. Наместо свесно извршување од сметката на општината со цел враќање стари долгови, требаше се набави нова и современа механизација, а не директорите на јавните претпријатија да набавуваат стари некорисни возила со сомнителни технички спецификации, рече на денешната прес конференција Перчо Божиновски, портпарол на општинската ВМРО-ДПМНЕ.

– Георгиески и покрај информациите, откако Охрид беше затрупан со снег, одржа работен состанок со членовите на Оперативниот штаб и директорите на јавните претпријатија. Патиштата и улиците во населбите Радојца Новичиќ, Кошишта, Видобишта останаа нерасчистени и тешко проодни, а Стариот дел на градот и поодалечените места беа блокирани и отсечени. Дури и Центарот на градот и градскиот плоштад беа затрупани во снег. Како луѓето со здравствени проблеми навремено да стигнат да примат лекарска помош? Синоќа улицата до Кардиолошкиот центар беше целосно отсечена. Да не размислуваме доколку некој има потреба од Итна медицинска помош, тогаш веќе ќе биде касно од секакви реакции, рече Божиновски.

Како што рече Божиновски, дури денес започнало расчистувањето во Стар град и ненаселените места, додавајќи дека охриѓани на дело ја виделе нестручноста и неажурноста на СДСМ и вд градоначалникот.

OhridNews