СДСМ и Стојаноски не реализира ниту еден проект само за да имаат оправдување за побарување средства од државата, вели Перчо Божиновски, шеф на центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид, во врска со одржаната прес конференција на градоначалникот Јован Стојаноски околу консолидацијата на долговите.

Наместо реализација на проекти огромна сума парични средства се пренаменуват за општините. Дрско ја потценувате интелигенцијата на граѓаните преку веселата математика и популистичко држење пресови во јавност, наместо да им се извините за децениското тапкање во место за време на Вашето криминално владеење. Парите на Владата не се трошат наменски, не се завршуваат започнатите проекти, се наградува лошото и нетранспарентното работење на локалната власт. Владата свесно ќе ги исплатува незаконските дејствувања, неодговорното работење и немањето отчетност, рече Божиновски.

Тој праша-Дали свесно Стојаноски не реализирал ниту еден проект во Охрид само за да има оправдување за побарување на средства од државата.

Со парите на граѓаните ќе се плаќаат блиските фирми на власта. Зошто Стојаноски на 1 милион евра дозволи да се извршат од општинската сметка без претходно да се склучи договор за отпис на каматите и дел од главниот долг со доверителите? Наместо со парите на граѓаните да ги решава нивните проблеми, тој враќа камати и долгови, рече Божиновски.

OhridNews