СДСМ Охрид неуморните стражари на вистината, неприкосновените толкувачи на закони и чувари на „чистиот углед“ повторно во полн сјај!, реагира на обвинувањата од СДСМ Охрид, претседателот на Советот на општина Охрид, Перчо Божиновски.

Смешни сте воопшто не паѓам толку ниско и нема да коментирам ниту образование, ниту училишта, текстот е јасен и посочува на сѐ кој знае правилно да чита, особено последните два дела, само жалам што не доаѓа со партиски превод каков што сакате. Сештологија, лекција 101: Ако не можеш да ме победиш, напаѓај ми го угледот! Значи, вие сте решиле да водите војна со сопствената сенка. Ајде, продолжете, курсот по сештологија ви оди одлично, а за тоа експерт на следен час: Како да изгубиш на избори, ама да се убедиш дека си победил, посочува.

Следен пат, додава Божиновски во реакцијата, „кога ќе пишувате, понесете барем малку достоинство, да не се расипе целата претстава“.

OhridNews