Легендарниот дански фудбалер, Брајан Лаудруп ја оствари најголематa победа во животот. 51-годишниот Лаудруп ја преброди болеста-рак која му беше дијагностицирана пред десет години.

По 10 години прегледи и третман, објавувам дека конечно го победив ракот.  – напиша Лаудруп на социјалните мрежи.

Лаудруп цели 11 години беше дел од селекцијата на Данска со која во 1992 година сензационално стана европски шампион. Данецот имаше солидна кариера играјќи во Баерн Минхен, Фиорентина, Челси и Ајакс.

OhridNews

.