Брачен пар од Скопје вчера бил пронајден во конфузна состојба на врвот на планината Галичица, пренесува „Република“.
Како што пишува овој медиум, двојката не знаела како се нашла во планинско подрачје ниту се сеќавале што точно предходно им се случило.
Според информации од нивни блиски пријатели, тие тргнале во Охрид со цел да купат автомобил на старо. Единственото на што се сеќаваат е дека отишле во една од охридските кафеани каде што конзумирале пијалок по што го изгубиле сеќавањето на сите настани се додека биле пронајдени зашеметени на Галичица.
Како што јави порталот, охридската полиција најавила информации за случајот откако ќе заврши првичната истрага за инцидентот.
OhridNews
извор: „Република“