По два дена одмор охридските “бели“ им се вратија на тренинзите и подготовките за мечот со актуелниот првак на Македонија , Шкендија.
Охриѓани скапо го платија поразот од Вардар, во кој настрадаа дури четворица стандардни првотимци. На повреди се жалат дефанзивците Велески и Лескароски, како и играчите за врска Брадониќ и Шаќири. Кога на нив ќе се додаде и подолго повредениот Ѓорески, српскиот стратег Драган Антиќ ќе има доста главоболки во создавањето на тимот за саботниот меч.
– Тешко ни падна поразот од Вардар, кој го претпревме во една рамноправна игра. Секако дека одредни судиски одлуки одеа на наша штета, што сигурно им кумуваа на поразот. Ние само ви посакале да не остават да играме фудбал, па кој е подобар нека победи. – вели српскиот интернационалец во охридските редови, Немања Брадониќ.
Во првиот круг охриѓани претпреа пораз од Шкендија со 2-0, во натпревар кој беше одлучен во вториот дел со погодоците на Пеев и Куртиши.
–
Самиот податок што во Охрид доаѓа првакот е мотив доволен сам за себе. Ние во овие неколку дена ќе продолжиме напорно да работиме и сигурен сум дека нашиот шеф, Антиќ ке најде како и секогаш досега формула како да им се справиме на нашите противници – истакна Брадониќ.
М.П.
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com