Браќата Белевски ги продолжија договорите со Охрид
10.07.14 17:31
Братскиот тандем Бојан и Валентино Белевски и следната сезона ќе го носат дресот на Ракометниот Охрид откако ја продолжија верноста.
– Го потпишавме договорот со кој остануваме во средина каде можеме добро да се снајдеме и средина каде владее одлична атмосфера. Му благодариме на клубот за довербата и се надеваме дека нашиот придонес ќе го дадеме и во наредната сезона во која очекуваме поголеми клубски успеси – изјавија браќата Белевски по потпишувањето на договорот.
Од постигнатиот договор со братскиот тандем искажа и првиот човек на клубот, Димитар Спасески.
– Навистина ми е чест што ќе можеме и понатака да соработуваме со ракометари кои ја исполнија зацртаната цел за оваа сезона, а тоа е опстанок во ВИП машката Супер лига. За наредната сезона целите ќе бидат поголеми, ќе напредуваме од година во година, односно ќе се бориме и за повисоко место на табелата. Нашата труд по преземањето на клубот исплива на површина, односно ја постигнавме посакуваната цел за оваа сезона. Во наредниот период договорите ќе бидат продолжени и со другите играчи, а во финална фаза се преговорите за неколкуте засилувања кои се планирани за оваа година – рече Спасески.
По комплетирање на составот со новите засилувања и продолжување на договорите со старите ракометари „гладијаторите“ ќе ги започнат подготовките за следната сезона.
Ракометарите на Охрид во сабота го играат првиот натпревар од 1/8 финалето со Дукла Прага од ЕХФ Европскиот куп Возбудени го очекуваме претстојниот европски натпревар Тренираме напорно и сме целосн...
Ракометарите на Охрид забележаа победа на гостувањето во Куманово Во натпревар од 20 коло што се одигра вечерва во салата „Перо Наков“, Куманово – Охрид 14:30, полувреме 5:15 Охрид го диктира...
Во рамки на 20-то коло од ракометната Супер лига ГРК Охрид денес гостува кај екипата на МРК Куманово Ракометарите на Охрид се надеваат дека ќе ја продолжат серијата на позитивни резултати Натпрева...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.