Браќата Климе и Јован Лотески се новите кумови на Водици 2011.

Оваа одлука денес, едногласно, беше донесена од страна на членовите  на Управниот одбор на здружението на граѓани за целосна афирмација на Македонската православна црква, „Богојавление“ .


Како што информираа од „Богојавление“, за кумството годинава биле заинтересирани шест кандидати, меѓу кои тројца од Охрид, а останатите биле од Скопје, Битола и Кичево.

Задоволни сме од бројот на заинтересираните за превземање на кумството и се надеваме дека и идната година ќе има голем интерес. Тоа е уште еден доказ дека манифестацијата постепено ги проширува своите рамки и дека здружението е едно од најдобрите во Охрид и земјава, рече претседателот на Богојавление, Љупчо Арнаудов. 


Браќата Лотески истакнаа дека за нив претставува голема чест и задоволство да бидат кумови на годинешната манифестација, со оглед на тоа дека секоја година редовно учествуваат во чинот на фаќањето на светиот крст.

Јас бев првиот кој го фати крстот во 1990 година, кога за прв пат започна масовната прослава на празникот Богојавление- Водици, а заедно со мојата тајфа го имаме  фатено и бурето со вино на денот на рибарите, истакна Јован Лотески.  



Ohridnews