Со писмен допис испратен во петокот Бранислав Трпчески го известил градоначалникот на општина Охрид дека поднесува оставка на функцијата директор на меѓуопштинското јавно претпријатие „Проаква“.
Во образложението било наведено дека Трпчески се повлекува од функцијата од приватни причини.

Од локалната самоуправа ја потврдија информацијата и најавија дека градоначалникот Петрески денеска официјално ќе се произнесе за оставката на Трпчески. Во меѓувреме во јавноста веќе се лицитира со имињата на можните наследници на Трпчески, а не е исклучена можноста во прво време да биде назначен вршител на должност.

Бранислав Трпчески е истакнат член на СДСМ, а неговото повлекување од директорската позиција во „Проаква“ за што се шпекулираше извесен период, предизвикало бурна расправа на партискиот состанок одржан викендов.

OhridNews