Бранителот на титулата Фени Индустри и најтрофејниот македонски клб Работнички попладнево ќе ја започнат финалната серијата за титулата во македонското кошаркарско првенство.


Поради подобриот меѓусебен дуел во регуларниот дел од првенството, Фени во серијата прв до четири победи, ќе влезе со 1-0 предност.

Првиот натпревар се игра на теренот во Кавадарци, каде “лозарите“ годинава немаат доживеано пораз.  Фени ја брка третата титула во
последните четири години.

Работнички годинава во купот му ги замрси сметките на Фени , откако во полуфиналето го елиминираше, а подоцна преку МЗТ и триумфираше во купот.