Силниот ветар и големите бранови од Охридското езеро исфрлија големи количини отпад кој од страна на несовесни граѓани се фрлал во езерската вода. На брегот можеа да се видат пластични шишиња и друга амбалажа, најлон кеси, картонска амбалажа и др.) кои испливаа на површина како неми сведоци за ниската еколошка свест на населението кое депонира отпад по речните корита и езерската вода.

Екипите од ЈП „Охридски комуналец“  имаа вонредни активности за расчистување на крајбрежниот појас и кејот на потегот од пристаништето до Холандскиот Парк.

Отпадот е подигнат и транспортиран, а кејот темелно изметен. Со оглед на временските услови, работниците вонреден ангажман на кејот ќе имаат и во наредните денови.

OhridNews