Во преполната сала на Центарот за култура, Бошковски се осврна на актуелните политички случувања во Македонија, а зборуваше и за односот со владејачката ВМРО ДПМНЕ кон која упати и повеќе критики. Доколку политички се активирам не верувам дека мојата партија ВМРО ДПМНЕ на која единствено и припаѓам дека нема да застане зад мене, рече Бошковски. Тој рече дека сака да биде обединител, а не разединител на партијата. Бошковски истакна дека има своја визија за Република Македонија и дека доколку одлучи да се врати на политичката сцена ќе работи на нејзино остварување. Трибините кои сега ги одржувам се граѓански и со нив сакам да им се оддолжам на десетиците илјади граѓани кои несебично ме поодржуваа додека бев во Хаг, посочи Бошковски. Тој најави дека средбите со граѓаните ќе продолжат и во наредниот период.














