
Формирањето на Обединети за Македонија е резултат на гласното размислување на илјадници луѓе, чии основни човечкии егзистенцијални права секојдневно се газат, истакна Бошковски, симболично поистоветувајќи ја партијата со денешниот празник. Денеска на Спасовден промовираме партија која ќе понуди спас за Македонија на политички и економски план, рече Бошковски.
Тој најави дека партијата ќе се раководи од придобивките на ВМРО во борбата за човековите правдини, ќе работи на сплотување на народот за слободна и богата Македонија и ќе се залага во најбрз можен рок да се оствари членството на земјата во НАТО и ЕУ.
Основачкото Собрание на Обединети за Македонија ќе се одржи утре, кога ќе бидат избрани телата и органите на новата партија.











