Со четири натпревари одиграни синоќа и ноќеска продолжија возбудувањата на Светското првенство во фудбал 2026. Нови победи забележаа селекциите на Бразил, САД, Мароко и Парагвај.
Во групата Ц, Мароко ја совлада Шкотска со 1:0 и со четири бода се искачи на првото место во групата. Во вториот натпревар од групата, Бразил со сигурни 3:0 славеше над Хаити и исто така стигна до четири бода. Пред последното коло Мароко и Бразил се во најдобра позиција за пласман во нокаут фазата.
Во последното коло од групата Ц ќе играат Бразил – Шкотска и Мароко – Хаити.
Табела група Ц
1. Мароко – 4 бода (2 натпревари)
2. Бразил – 4
3. Шкотска – 3
4. Хаити – 0
Во групата Д, Соединетите Американски Држави ја продолжија одличната серија со победа од 2:0 над Австралија и со максимални шест бода се осаменија на врвот на табелата. Во вториот натпревар Парагвај минимално ја совлада Турција со 1:0 и со три бода останува во игра за пласман во следната рунда, додека Турција е пред елиминација уште во групната фаза.
Табела група Д
1. САД – 6 бода (2 натпревари)
2. Парагвај – 3
3. Австралија – 3
4. Турција – 0
Во последното коло од групата Д на програмата се дуелите САД – Турција и Парагвај – Австралија.
Денеска на програмата три натпревари од групите Е и Ф.
Распоред на натпревари 20/21.06.2026
Холандија – Шведска 19:00ч.
Германија – Брег на Слоновата Коска 22:00ч.
Еквадор – Курасао 02:00ч.
OhridNews












