Бразилскиот тандем Рубињо и Пато е пред излезната врата од екипата на Милан. Сезонава “росонерите“ немаат импозатни резултати, а тоа се должи на честите повреди на Пато и променливата форма на Рубињо.

Пато во редовите на Милан пристигна во 2007 година како голема надеж, но никогаш не успеа да одигра повеќе од месец дена без повреда.

По заминувањето на Златан Ибрахимовиќ, Рубињо требаше да ја превземе лидерската улога, но резултати на Милан сезонава се далеку под очекувањата.

Мх.П.