Поразот од 1-0 на гостувањето во Кратово ја запре позитивната серија на охриѓани од седум натпревари без пораз, последно “рибарите“ со наведнати глави го напуштија стадионот во Тетово, по мечот со Шкендија.
Избраниците на српскиот стратег Антиќ во 15-та рунда на домашен терен ја пречекуваат “надојдената“ Брегалница која во минатото коло во “инфракт“ меч ја совлaда Ренова со 3-2 и прокнижија три бода.
–Позитивната серија ни заврши во Кратово. Натпреварот со Силекс е зад нас, целото внимание го насочуваме кон мечот со Брегалница која ни “дише во врат“ на табелата. Сеуште се соочуваме со истите проблеми, но ние ќе дадеме се од себе повторно да ја израдуваме охридската публика. – вели поранешните фудбалер на “сините“ србинот Немања Брадоњиќ.
Тренерот на “рибарите“ Антиќ поради повреда на коленото на располагање ќе го нема капитенот Ѓорески и најдобриот стрелец во “белите“ Димоски кој од приватни причини нема да биде во составот за мечот со Брегалница. На ситни повреди здобиени на дуелот со Силекс се жалат фудбалерот за врска Далчески и дефанзивецот Велески додека во погон се враќа искусниот Митрески.
– Имам мали проблеми околу составувањето на екипата, но јас силно верувам во останатите фудбалери кои ќе го пополнат празното место во составот. Натпреварот со Брегалница е многу важен за нас, ќе “изгиниме“ на теренот за трите бодови да останат во Охрид – потенцираше српскиот стручњак на охридската клупа, Драган Антиќ.
Мечот помеѓу Охрид 2004 – Брегалница ќе го води нтернационалецот Горан Спиркоски. Овој судија го водеше и првиот меч кој “сините“ го добија со 3-1. На центар во Охрид со прилепчанецот избраниците на Антиќ немаат претрпено пораз. Ремизираа со Металург 0-0, го совладаа Напредок со 3-1.
Мх.П.
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com