Фудбалерот на Брегалница Елвир Мандак кој жестоко протестираше и го нападнал главниот судија Ставрев по исклучувањето на мечот со Силекс, е пред едногодишна суспензија.

По рекацијата на комплетната гостинска екипа интернационалецот Ставрев го прекина мечот.


Според правилнкот на ФФМ, во член 41 стои :
Играч кој физички ќе нападне судија на игралиште или надвор од игралиштето во врска со фудбалскиот спорт, ќе се казни со:
– забрана на играње во траење од една година до две години или

– исклучување од фудбалска организација.

Одземање на бодови ја очекува и екипата на Брегалница, која го предизивикала прекинот на мечот.

Според правилникот на ФФМ во член  50 стои:

Екипа што на игралиште се однесува така што поради настанатите инциденти што ги предизвикала, натпреварот морал да се прекине, ќе се казни со:
– одземање од 3 (три) до 9 (девет) бодови односно 3 (три) до 9 (девет) негативни бодови и
– парична казна од 2500 евра.

Ohridnews