Судот во Норвешка го осуди Андрес Брејвик, кој уби 77 луѓе, на 21 година затвор, пренесува „Макфакс“.

Уште минимално 10 години треба да отслужи Брејвик во затвор, а потоа би можел да биде ослободен. Адвокатот на Брејвик рече дека ќе се жали на пресудата само доколку неговиот клиент биде прогласен за ментално непресметлив, во спротивно Жалба нема да има.

Екстремниот десничар Брејвик во јули минатата година во Норвешка уби 77 луѓе. Отвори оган во летен камп на млади политичари, убивајќи 69 лица, откако претходно во близина на седиштето на владата во Осло детонираше бомба, при што загинаа осум луѓе.

Норвешките обвинители во завршните зборови бараа Брејвик да биде прогласен за непресметлив и казната да ја служи во психијатриска установа.

И натаму најверојатно ќе остане во затвор со висока безбедност што има и посебно крило што служи како мини болница.

Одбраната пропушти формално да побара ослободителна пресуда, што предизвика остра реакција на Брејвик. Ова барање беше потврдено дури на прашање на судиката.

OhridNews
извор:„Макфакс“